Џафери за опозицијата: На „Фејсбук“ нудат решенија, а овде доаѓаат и блокираат

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери дециден во однос на барањето на опозицијата. Според него нема законска можност за посебна седница со закони од пакетот анти-кризни мерки кој е блокиран на 36 седница заради немање кворум. Тој рече дека не може да исполнува нечии желби и да трпи условувања како што тоа го прават од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема потреба од средба со пратеници од опозицијата која има ултимативни барања, да свикам посебна седница. Јас не работам според нечии желби туку според Деловникот. Се знае како се свикува седница, треба да се изготви материјал, да се постават точки на дневниот ред и да се свика. Јас немам деловничка можност ниту свикувам, ниту да продолжувам седници, за се има законска процедура“, рече собранискиот спикер Талат Џафери на брифингот со новинарите.

Во однос на прашањето дали и кога ќе ја продолжи 36 седница на која закочи работењето, Џафери рече доколку нема договор меѓу пратениците нема да има резултат.

„На „Фејсбук“ предлагаат се и сешто, во Собрание ги нема да го спроведат тоа. Јас не водам седници на социјалните мрежи, лесно е да зборуваат таму, а овде да блокираат“, рече Џафери.

Според него законска можност за прогласување вонредна состојба постои но, се огради од коментар дали е потребна во овој момент.

„Прашањето за вонредна состојба е регулирано со Уставот и ја предлага Владата или одреден број пратеници, а Собранието треба да ја изгласа со 2/3 мнозинство. Во дадениот момент ова мнозинство го немаме, тоа е што можам да го кажам, но ќе се оградам од дебата дали треба или не. Ќе додадам само дека во 2020 имавме друга состојба, со распуштено Собрание , а сега тоа функционира во полн состав и имаме различна ситуација“, рече собранискиот спикер.

Во текот на денот Џафери најави дека ќе оствари средба со претседателот на Владата Зоран Заев и пратеникот на ДУИ Али Ахмети за состојба со блокадата на Парламентот и дополнително ќе ја информира јавноста за исходот од состанокот.

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски