Џафери-Бегај: Македонија и Албанија се повеќе од само соседски земји

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е во земјава во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Северна Македонија, извести владината прес-служба.

„На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена со Република Албанија не го рефлектира тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Северна Македонија. Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе се заокружи со успех.

Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Северна Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Северна Македонија, а што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“ Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата. Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Џафери: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата

Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех

Горан Наумовски

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

A1on

Џафери: Се ќе сториме за да ги исполниме потребите на студентите

Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година