Двојното убиство во Гевгелија на братот и снаата е поради скршени плочки и оштетена ограда на терасата

Од:

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две кривични дела -Убиство од член 123 од Кривичниот законик.

Осомничениот 69-годишник, на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови.

Кога ги забележал оштетените како се паркираат со нивното возило пред дворот на куќата, осомничениот излегол во дворот, држејќи ја во рацете приватната тужба поднесена против него од починатите за кривично дело – Оштетување туѓи предмети.

Двајцата браќа имале нарушени меѓусебни односи и не разговарале повеќе од 40 години, но починатите тужбата ја поднеле неодамна, бидејќи осомничениот, ставајќи олуци на куќата, скршил плочки и ја оштетил оградата од нивната тераса.

Кога им забележал за поднесената тужба, тие не сакале да разговараат со него, па осомничениот влегол дома и го зел пиштолот марка „Црвена застава“, со калибар 7,62 милиметри кој го поседувал со дозвола. Потоа испукал повеќе куршуми кон братот и снаата, кои од здобиените повреди тие починале на самото место.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

Велешката полиција соопшти нови детали од убиствата на Росица Коцева и на нејзиниот татко

Последен исказ на убиената Росица Коцева во Обвинителство: Илија ми се закани „или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва“

Горан Наумовски

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Убиецот од Велес добил условна за насилство над Росица, пет дена потоа ја уби

Катерина Ѓуровски

Заврши увидот на крвавиот настан во Велес, телата на починатите се пратени на обдукција

А1он