Двојно убиство во тетовско Челопек – 60 годишен маж убил двајца роднини

Од:

Двојно убиство во тетовско Челопек се случило попладнево. 60 годишен маж усмртил двајца негови роднини.

МВР ја потврди информацијата за А1он, информирајќи дека осомничениот е веќе уапсен.

„ По пријава дека околу 14 часот и 10 минути со огнено оружје во тетовското село Челопек усмртил двајца негови роднини, а еден повредил, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода  И.И. (возраст околу 60 години) од тетовското село Челопек“ велат од МВР.

Осомничениот, освен што ги усмртил роднините и ранил уште едно лице,  исто така, се здобил со повреди, најверојатно од огнено оружје. Тој е приведен во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Млад човек во Хрватска го уби очувот со багер и веднаш го закопа

Трагедија во Германија: Жена е убиена на улица, убиецот избега

Горан Наумовски

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Уапсен e мажот кој е осомничен за убиство на демократската претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он