Двојно убиство и самоубиство во Куманово

Од:

Четириесет и двегодишниот Маријан И. од кумановската населба Бедиње денеска претпладне ги убил Фросина С. (39) и Валентина С. (45), а по извршените убиства се самоубил.

Тој денеска околу 11 часот и 30 минути дошол во куќата на Фросина во населбата Бедиње и со пиштол ги убил неа и Валентина, која била во нејзината куќа. По извршените убиства Маријан И. се самоубил.

Увид на местото на настанот извршија истражен судија, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Куманово, увидна полициска екипа и тим на судска медицина.

Полицијата работи на расчистување на настанот и мотивите за двојното убиство и самоубиство.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата