ВИДЕО: Двојно повеќе поплаки за партиски вработувања и судски неправди

Од:

Народниот правобтанител изминатата година имал полни раце работа, за што говори бројката од близу 4500 претставки. Граѓаните најмногу се жалеле на работата на судската власт, на партиски вработувања, односно наместени конкурски, несоодветни услови во затворите и домовите за деца без родители, како и незаконско постапување на полициските органи. Во 2018, биле поднесени дури 947 претставки за работата на судовите и оваа бројка е двојно поголема од претходната година, покажуваат анализите на Народниот правобранител.

„Долгото траење на постапките, е основен проблем за кој се бара заштита, а голем е и бројот на поплаките на граѓаните кои изразуваат незадоволство од судските одлуки, за кои сметаат дека се донесени пристрасно, селективно и под притисок на политичка мотивираност“, рече заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска, при презентирањето на годишниот извештај за работата на оваа институција.

За 60% бил зголемен и бројот на поднесени барања за повреда на првата од работниот однос. Граѓаните се жалеле за наместени партиски конкурси, несоодветно распределување на работното место, поради партиска припадност, како и на непродолжување на договорите за работа.

„Констатиравме дека продолжува праксата на „партиски ревашизам“, после спроведување на избори, што особено беше видливо во сфетата на образованието и детската заштита, при изборот на кандидати за вработување, но и при трансформација на вработените од определено на неопределено време. Ниту констатациите на инсепкциските надзори во однос на избраните кандидати не не убедија дека објавените конкурси за вработување се бираат лица со најдобри компетенции“, рече Бајрамовска.

Не се подобрени ниту условите во затворите за кои со години алармира Народниот правобранител. Нема подобрување ниту во здравствената заштита, ниту во исхраната ниту во хигиенските услови.

„Проблемот со несоодветен стоматолошки третман на лицата во затворот КПД Идризово не е решен, нема вработено стоматолог. Нема ниту здравствен и медицински персонал во текот на целиот ден, а со тоа затворените и притворени лица немаат соодветен медицински третман“, вели заменик-народниот правобранител.

Народниот правобранител и во овој извештај, посочува на кршење на полициските овластувања, при што информира дека се поднесени и три барања за казнена одговорност на службени лица кои постапиле незаконски, непрофесионално и со нивни постапки ги прекршиле слободите и правата на граѓаните.

„Овие случаи за кои е обезбедена соодветна документација, како доказ за примена на физичка присилба, заплашување и нанесување повреди на граѓаните од страна на полициски службеници, кои често се придружени и со навреди по етничка или друга опнова остава сомнеж за начинот на кој се спроведува законот. Кога граѓаните укажуваат на прекумерна употреба на сила не смее да остане неказнето“, вели Бајрамовска.

Повреди на правата има и во областа на социјалната, детската заштита, потрошувачките и имотните права. Народниот правобранител извештајот го достави до Собранието и бара да се согледаат нотираните слабости и да се изнајдат алатки за ефикасни решенија.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата

Протест на вработените во Народниот правобранител – незадоволни од платите и статусот кој го имаат како службеници

Вработените во Народното правобранителство најавуваат протест за следната недела

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар