Дводневен Самит на ЕУ во Брисел: Проширувањето не е на официјалниот дневен ред

Од:

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе го започнат дводневниот Самит, последен под претстедателство на Португалија, на чиј дневен ред се прашања поврзани со состојбата со Ковид-19, економското опоравување во посткорона периодо, миграцијата и надворешните односи, пред се со Турција и со Русија.

Самитот почнува попладне и на стартот е предвидено лидерите на ЕУ да имаат работен ручек со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на кој ќе разменат мислења за глобалните предизвици и геополитичките прашања.

– Опоравувањето од пандемијата со Ковид-19, како во ЕУ, така и во светот, ќе биде клучна тема. Успешната кампања за вакцинација што е во тек низ цела ЕУ, заедно со лансирањето на дигиталниот ковид-сертификат, ќе го олесни слободното движење во текот на летните месеци и пошироко. Сепак, треба внимателно да ги следиме варијантите и да го спречиме нивното ширење на координиран начин, се наведува во поканата за Самитот упатена до лидерите на ЕУ.

Во делот на стратегијата за постковид економското заздравување, на средбата ќе стане збор за имплементацијата на планот „Следната генерација на ЕУ“, како и за националните планови за закрепнување, зелените и дигиталните транзиции на Унијата, како и за плановите за раст на блокот во следните децении.

Предвидено е учесниците на Самитот да говорат за прашањата со миграцијата и состојбата на различните рути по кој мигрантите се упатуваат кон ЕУ.

– Нашата цел продолжува да биде да спречиме загуби на животи и да го намалиме притисокот врз границите на ЕУ. Затоа, ќе се фокусираме на надворешната димензија, со цел зајакнување на нашата соработка со земјите на потекло и транзит. Треба да спроведема акција што брзо ќе донесе резултати, се додава во поканата.

Што се однесува до меѓународните прашања, лидерите на ЕУ ќе се разговараат за односите на блокот со Турција и Русија, за состојбата во Белорусија, како и за случувањата во Либија, реонот на Сахел и Етиопија.

Во текот на утрешниот ден предвидено е лидерите на ЕУ да се сретнат со првите луѓе на Европската централна банка и Еврогрупата, при што ќе разговараат за поттикнување на силно и одржливо економско закрепнување, за пазарите на капитал, како и за координација на политиките во Еврозоната.

Прашањато за проширувањето за ЕУ со земјите од Западен Балкан не е на официјалниот дневен ред на Самитот, откако во вторникот на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) Бугарија не отстапи од својот став за околу ветото за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. По ваквата одлука на ГАК, португалската државна секретарка Ана Паула Закариаш, која претседаваше со состанокот, ја охрабри Словенија да продолжи да бара решение за преговорите со Северна Македонија врз основа на овој предлогот на Португалија.

– Португалското претседателство даде максимум за да изнајде компромис, решение, сакавме денес да имаме не две туку четири меѓувладини конференции, рече Закариаш во вторникот алудирајќи на двете меѓувладини конференции што се одржа истито ден во Луксембург со Србија и Црна Гора.

Закариаш на прес-конференција по состанокот не одговори на прашањето дали лидерите на ЕУ на Самитот што почнува денеска ќе се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го крене ветото, како и дали воопшто ќе се разговара за проширувањето и Северна Македонија.

Сепак, иако не е официјална точка на дневен ред, се очекува на маргините на Самитот, некои земји да се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го промени ставот на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа