Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Од:

Со блокада на улицата пред Собранието во Скопје, Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди кои според нив имаат несоодветен третман од институциите.

Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени.

– Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќе, беше кажано на настанот.

На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, како и насилството врз жените да се гони по службена должност, а беше и најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток.

Испратен беше повик сите заинтересирани да го кажат своето искуство на темата и да ја споделат својата приказна.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија