Движењето БЕСА на конвенција во Тетово ги промовираше кандидатите за градоначалници

Од:

Движењето БЕСА на градскиот плоштад во Тетово одржа промотовна конвенција каде ги претстави кандидатите за градоначалници за локалните избори закажани за 15 октомври. Претседателот Биљал Касами, кој воедно е и кандидат за градоначалник на Тетово, рече дека движењето БЕСА со преземањето на градската власт во Тетово ќе им овозможи на граѓаните на овој град подобар живот.

– Кога ќе дојдеме на власт ќе работиме Тетово да има подобра инфраструктура и хигиена. Ќе има Тетово подземни паркинзи, нема да имаме загаден воздух, диви депонии. Ќе имаме подобар живот, се гледаме на 15 октомври кога ќе славиме заедно за победата на БЕСА, рече Биљал Касами.

Касами истакна дека со доаѓањето на БЕСА на локална власт ќе престанат заканите кон граѓаните.

– Сега некој во сала во Скопје има промотивна конвенција во луксузни услови. Ние движењето БЕСА одлучивме тука на плоштадот наречен Илирија да ја одржиме промотивната конвенција. БЕСА ќе го смени досегашното владеење. Тие што владееја до сега ќе седат дома, а ние ќе дојдеме на власт и ќе бидеме ваши слуги. Ние ќе дојдеме на власт за да работиме за вас, ќе работиме во интерес на граѓаните, на располагање ќе ви бидеме 24 часа. Јас знам дека вие постојано се соочувате со закани од страна на владеачката гарнитура, но ова ќе се смени. Тие кои ви се закануваа и кои се дел од владеачката гарнитура ќе одат во затвор, рече Касами на конвенцијата.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски