По синоќешните инциденти во Собранието на Република Македонија, Движењето БЕСА констатира дека Македонија сега не е само во политичка криза, туку и во безбедносна криза.
Движењето БЕСА, во соопштение до медиумите, го осудува насилството над пратениците и новинарите и објаснува дека го поддржале парламентарното мнозинство кое го избра Џафери за претседател на Собранието.
Во соопштението, БЕСА ги повикува граѓаните да ја сочуваат ладнокрвноста и да не подлегнуваат на било какви провокации, и дека наша должност треба да биде заеднички да помогнеме за дражавата да се врати во нормални текови.