Движење БЕСА: Владата ја воведува државата во непотребни долгови

Од:

„Наместо Македонија сега да позајмува пари за да ивестира во капитални проекти, таа продолжува да влегува во нови долгови за да ги отплаќа стари долгови. Најлошо е тоа што овој пат стариот долг, кој треба да се плати во рок од јануари, е 15.8 милиони евра, додека владата се подготвува да позајмува долг од 31.7 милиони евра. Оваа сума, двапати поголема од стариот долг, не се знае каде ќе се инвестира или поради кои причини ќе се користат тие средства.

Овој начин на дејствување уште повеќе ја задушува економијата на земјата, бидејќи овие средства не се инвестираат во капитални проекти кои би влијаеле во намалувањето на сиромаштијата, но тие реално само го зголемуваат долгот на граѓаните. Воведувањето на Македонија во постојани долгови и заеми, како и не инвестирањето на овие средства во капитални проекти кои би влијаеле во економскиот развој и раст на земјата, е целосно непотребно.

Поради оваа причина, Движењето БЕСА бара од Министерството за Финансии да биде транспарентна за тоа зошто се позајмува една сума двојно поголема од долгот, и да даде објаснување за какви цели се планирани овие средства. Во овој случај, ние даваме залог дека во моментот кога ние ќе победиме во избори и ќе бидеме дел од владата, трендот на позајмување пари ќе престане веднаш и овие средства ќе бидат несочени кон капитални проекти кои ќе ја намалуваат невработеноста и ќе генерираат економски развој“, се вели во соопштението на БЕСА.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски