По вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, каде што – меѓу другото – се спомнува и Движењето БЕСА во контекст на, наводно, поделба на државата, се чувствуваме должни да објасниме дека оваа македонска партија – затегната од Специјалното обвинителство и стравот од откривањето на кривичните дела што ги има направено, која сега го злоупотребува и претседателот на државата, во последно време почна да има и јазични проблеми: поимот РЕДЕФИНИРАЊЕ не значи задолжително ПОДЕЛБА.
Партијата која ја доведе државата пред амбисот, во крајна сиромаштија, која ја оддалечи државата од евро-интеграциските процеси, која направи толку кривични дела и манипулации, која ја злоупотреби власта и која на свој товар носи и убиства и монтирање на судски процеси, како што е “Монструм” и “Куманово”, има најмалку право да обвинува некого за поделба.
РЕДЕФИНИРАЊЕ, според објавената платформа на Движењето БЕСА уште од март минатата година, значи доследно редефинирање на државата во договор меѓу Албанците и Македонците – без прејудицирање на конечниот исход, со што државата и општеството нема да бидат асиметрични како што се денес, туку мултиетничкото општество ќе се одрази со мултиетничка држава. Ова, според нас, е единственото решение за Македонија.