Движење Беса: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Од:

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект.

Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН, се вели меѓу другото во партиското соопштение.

Од Беса посочуваат дека „во оваа прилика, Собранието го овласти претседателот Билал Касами да продолжи со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци. На состанокот на Собранието беше дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата. Членовите на собранието ја поддржаа изјавата на претседателот Касами дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега“.

„Анализата на работата на функционерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата. Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

Движење Беса: Ниту грам човечко чувство не остана меѓу министрите на ДУИ-СДСМ и нејзините сојузници

Горан Наумовски

БЕСА нема да поддржи уставни измени ако нема компромис за предвремени избори

АВМУ: БЕСА врши притисок врз Агенцијата

А1он