БЕСА нема да поддржи уставни измени ако нема компромис за предвремени избори

Од:

Движењето БЕСА нема да даде поддршка за уставните измени ако нема договор за предвремени избори рече денеска лидерот Билал Касами на прес конференција.

– Ако за власта се приоритет уставните измени, односно внесување на Бугарите во уставот тогаш ќе мора да се направи компромис за предвдемени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите и актуелните во делот на интегрирањето и економските и енергетските и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори. рече Касами.

Тој најави и со работка со другите опозициски партии да евентуално порадикални мерки.

– Ќе се разгледа можноста од пролет ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори ќе се разгледаат заедно со другиот дел од опозицијата, албанска, во делот на ораганизирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на превремени избори, изјави Касами.

Би можело да ве интересира

Движење Беса: Ниту грам човечко чувство не остана меѓу министрите на ДУИ-СДСМ и нејзините сојузници

Горан Наумовски

АВМУ: БЕСА врши притисок врз Агенцијата

А1он

Движење БЕСА: И ова година продолжува дискриминацијата на албанската култура

Ана Ололовска