Движење Беса: Ниту грам човечко чувство не остана меѓу министрите на ДУИ-СДСМ и нејзините сојузници

Од:

Ниту еден грам човечко чувство не остана меѓу министрите на ДУИ-СДСМ и нејзините сојузници. Тоа најдобро го докажуваат антикризните мерки кои Владата ги донесе пред неколку денови. Овие мерки, во суштина, не претставуваат никаква вистинска помош, едноставно се класичен обид за манипулација со граѓаните, во пресрет на изборите што ќе се одржат во мај следната година. Кога станува збор за зголемување на платите, министрите на ДУИ, СДСМ и нивните партнери на Владата ги зголемија платите за 78% и нивните плати достигнуваат и до 2.500 евра, додека на пензионерите, студентите и другите ќе им биде понудена смешна помош од 1.000 денари што е недоволно за нивните потреби, тврдат од Движење Беса.

– Затоа, ги известуваме овие изнудувачи на граѓаните, дека доколку се способни со денови да ги ограбуваат и осиромашуваат граѓаните, многу лесно ќе им ја покажеме реалноста и нивниот криминал. Од антикризните мерки, пензионерите и студентите седум месеци ќе имаат бенефит по околу 7.000 денари, но, за истиот период, функционерите ќе добијат над 1 милион денари, благодарение на покачувањето на платите што си го направија. Јасно е дека со овие помагала Владата се обидува да ги корумпира граѓаните пред избори.Оваа номенклатура продолжува со потценувачките политики кон пензионерите, студентите и сите граѓани.

Наместо достоинствено зголемување на пензиите, платите, стипендиите за студентите, Владата на ДУИ-СДСМ и нивните сателити на граѓаните им даваат само трошка додека тие самите ручаат, вечераат и се забавуваат во луксузни ресторани, секогаш на сметка на граѓаните. ДУИ и СДСМ ги фати паника од губење на изборите, а за да ги спасат своите луксузни фотелји, високите плати и милионски тендери, прават навредливи постапки кон граѓаните, обидувајќи се да ги изманипулираат со 1000 денари помош. Но, граѓаните веќе разбраа дека ова е само предизборен обид за корупција и нема да им дадат можност на овие политичари да продолжат да се богатат уште четири години – велат од Беса.

Би можело да ве интересира

БЕСА нема да поддржи уставни измени ако нема компромис за предвремени избори

АВМУ: БЕСА врши притисок врз Агенцијата

А1он

Движење БЕСА: И ова година продолжува дискриминацијата на албанската култура

Ана Ололовска