„Додека трае политичкиот театар за прогласување на „лажните херои на новиот век во Македонија“, според една новообјавена анализа од страна на BiEPAG (The Balkans in Europe Policy Advisory Group) една третина од населението во Македонија живее во длабока сиромаштија.
Уште по вознемирувачки е фактот дека овој процент е повисок кај младата популација и кај семејствата со деца, главна причина поради која стотици илјади Албанци ги напуштат своите домови за да ја обезбедат егзистенцијата. Од анализата на BiEPAG се гледа дека Македонија е со највисок процент на сиромаштија во споредба со другите Балкански земји.
Ова уште еднаш го потврдува фактот дека времетраењето на кризата во Македонија главно се должи на политичката неодговорност на досегашните политички претставници, и ова најмногу влијаело во осиромашувањето на населението.
Целта на Движењето Беса е да заврши оваа пролонгирана криза за да заврши и летаргијата на граѓаните и да се отвори развојна перспектива за земјата. Намалувањето на тензиите ќе влијае на намалувањето на судирите и зголемувањето на стабилноста, создавајќи средина која привлекува и стимулира повеќе бизниси за да се создадат работни места, кои и се многу потребни за земјата.
Создавањето на нови работни места треба да биде врвен приоритет за да се обезбедат повеќе приходи за сиромашните семејства. Во оваа насока, не треба да заборавиме и на растечката нееднаквост, што подразбира дека намалувањето на сиромаштијата не може да се потпре само на развој, туку тоа мора да вклучува и мерки за правична и пропорционална распределба на државниот буџет“, се вели во соопштението на движењето БЕСА.