Движење БЕСА: Ахмети да каже што се случи со Декларацијата на албанските партии

Од:

„Движењето БЕСА и понатаму е посветена на заштита на интересите на граѓаните, особено кога станува збор за интересот на Албанците во Македонија. Во име на овој интерес, неретко сме се надминале себеси и сме подале рака за соработка и на тие на кои единствена преокупација им е власта. Меѓутоа, Албанскиот електорат е тој кој веруваше во нашата искреност и политичка зрелост, кој со масовната поддршка која ни ја даде во последните парламентарни избори нѐ направи и поупорни и бескомпромисни кога станува збор за интересот на Албанците во Македонија.

И понатаму овие интереси продолжуваат да бидат погазени, дури и после формирањето на новата, таканаречена реформска влада.

Поделбата на буџетот и ребалансот покажаа дека партиите на власт, народот го сметат како нивна сопственост, а не како совран на кому треба да му служиме за да им овозможиме живот со благосостојба и достоинство. Додека буџетската дискриминација и понатаму се продлабочува, каде најмногу страдаат општините населени со Албанци, албанските партии на власт, ДУИ и таканаречената Алијанса за Албанците, преку нивните сателити се трудат да го дефокусираат вниманието од реалните проблеми преку покани во кои не веруваат ни самите тие.

Али Ахмети, исто како што манипулираше со состанокот каде се потпиша Заедничката декларација, со истиот пристап повторно се труди да се наметне преку поканите на „неговите сателити“.

Наместо оваа покана, Али Ахмети прво треба да даде одговор што се случи со Декларацијата на албанските партии?; Кои точки од овој документ се опфатени во владиниот договор?; Али Ахмети, пред да упати покани преку „неговите сателити“, најпрво треба да објасни зошто и во пресрет на 100-те дена од формирање на оваа влада, се уште немаме закон за албанскиот јазик?

Движењето БЕСА го повторува ставот дека е отворена за комуникација во рамките не Собранието со албанските партии, и дека никогаш нема да се двоуми кога станува збор за интересите на Албанците. Но, со овие чекори на Албанските партии на влас, испаѓа дека еден од главните национални интереси на Албанците е да ги заштитиме од самиот Али Ахмети“, се вели во соопштението на БЕСА.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски