Движење БЕСА: Министерството за култура продолжува со етничката дискриминација

Од:

„После објавувањето на огласот за прием на двајца државни службеници во Министерството за култура со број 10/2018 (http://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/118 – 10/2018) односно за прием на еден помошник-раководител во секторот за издавачка дејност и еден помошник-раководител во секторот за културно наследство, меѓу другото се истакнува дека службеникот треба да биде ‘‘македонец/македонка’’.

После доаѓањето на власт на новата влада, која – меѓу друго- зеде и значителен број на албански гласови – никој не очекуваше државните службеници да бидат примени поради етничката припадност, освен во случаите кога треба да се почитува правичната и пропорционалната застапеност на незастапените заедници.   Затоа, Движењето БЕСА  смета дека ова е скандал кој потврдува дека речиси воопшто не е променето едноумието и дека продолжува стариот терк на дискриминација.

Тргнувајќи од ова Движењето БЕСА бара овој конкурс да биде откажан или да се сменат условите за прием на државните службеници, не специфицирајќи ја етничката припадност, туку само познавањето на јазиците, бидејќи ова оневозможува еднаков  натпревар за сите граѓани на Република Македонија за работно место.

Ако Агенцијата за државни службеници, односно Министерството за култура, не презема мерки за исправување на оваа грешка, нам ни останува да заклучиме дека и со новата влада променета е само фасадата, но не и содржината“, се вели во соопштението на Африм Гаши, претседател на Движење БЕСА.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски