Движење БЕСА: Меѓународно набљудување на процесот „Ќелија“

Од:

„По денешните приведувања на неколкумина осомничени за учество во воени конфликти во други земји во т.н. процес „Ќелија“, Движењето БЕСА – иако го осудува секое противзаконско дејство – бара од властите овој случај да не се злоупотреби за секојдневни политички поени. Бидејќи властите во Македонија во неколку наврати го злоупотребиле правниот и безбедносниот систем, притоа креирајќи и монтирајќи различни процеси, особено кога се во прашање Албанците, бараме и од меѓународните организации да го набљудуваат овој процес за да се спречи секоја злоупотреба на законот и при овој случај.

Притоа Движењето БЕСА уште еднаш го повторува ставот дека Албанците во Македонија не треба да бидат жртви на повиците за приклучување кон било какви воени акции и треба да бидат внимателни од таквите манипулации. Ние, Албанците од Македонија, имаме десетина и стотина проблеми во нашиот двор и нема никаков повод што би не натерало да ги напуштиме нашите огништа по било каква цена.

При тоа, не можеме да не потенцираме уште еднаш дека досегашната политика, особено таа во албанскиот камп, толку многу им го отежнал животот на младите Албанците, што на некој начин ги направил задолжителни жртви или на иселување или на учество во такви воени дејствија. Затоа БЕСА инсистира на младите Албанците во Македонија да им се овозможат подобри услови за живот, можности за вработување, но и побогат спортски, културен и уметнички живот, за тие да не станат жртви на таквите манипулации“, се вели во соопштението на БЕСА.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата