Партиските криминалци се заменуваат со нивни членови од семејството, кои се претенденти да станат поголеми криминалци од нив самите. Вака функционираат Али Ахмети и ДУИ во последните години. После скандалот во М-НАВ чиј извор беше изнуда преку партиски непотизам, криминалот продолжува на повисоко ниво, велат од Движење БЕСА.
– Новиот директор на М-НАВ излезе дека е од Кичево и дека е комшија на Али Ахмети! Откако ги утеши своите деца, внуци и други, Ахмети за да има контрола над секоја институција, прво низ судовите и обвинителот од организиран криминал постави блиски луѓе од неговото село и околината, а сега дури и сосед во М-НАВ! Има ли толку простор црната листа на САД за сите криминалци од ДУИ и од оваа власт – велат од партијата.