„Денес централното седиште на Движењето БЕСА во Скопје, која беше под заштита на една осигурителна компанија, беше нападната од вооружени лица, кои ја искршиле бравата и насилно влегле во нејзините простории. Се сомнева дека насилниците се некои екстремисти од Чаир и с. Ларце од Тетово, а придружуван од тие лица, во седиштето дошол и веќе разрешениот претседател, Биљал Касами.
Како и да е, во името на членството на Движењето БЕСА, во име на Централното претседателство, во име на Централниот совет и во име на апсолутното мнозинство на Движењето БЕСА, ние го осудуваме овој насилен чин и очекуваме од безбедносните органи да го расветлат овој настан и причинителите на овој вандализам да одговараат пред правосудните органите.
Притоа уште еднаш нагласуваме дека не е ова јавниот дискурс кој ние сме го поставиле, не се овие вредностите кои ние сме ги промовирале и ова е потполно во спротивност со целата идеја на Движењето БЕСА. Нам ни е жал што Биљал Касами во соработка со екстремисти од Чаир насилно ги крши не само канцелариите на Беса, туку најгрубо ги крши и вредностите кои Движењето БЕСА ги донесе на политичката сцена“, се вели во соопштението на Д-р. Неџмедин Кахремани
В.Д. Претседател.