Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА на прес конференција им се обрати на владините партнери и им постави неколку прашања.
„По потврдените информации дека владините партнери започнале да ги поделат меѓусебе и научно-образовните институции, како што е и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, за кој тие одлучиле да му се додели на ДР-ДПА, денес сакаме јавно да поставиме неколку прашања:
– Ако на ваков начин ги поделувате научно-образовните институции, на кого му паднала ждрепката да ја раководи Македонската академија на науките и уметностите?
– Ако на ваков начин ги поделувате научно-образовните институции, кој владин партнер ќе го раководи Универзитетот „Св. Кирил и Методи“?
– Ако на ваков начин ги поделувате научно-образовните институции, кој огранок од ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Универзитетот во Тетово?
– Ако на ваков начин ги поделувате научно-образовните институции, кој огранок од ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Универзитетот „Мајка Тереза“?
– Ако на ваков начин ги поделувате научно-образовните институции, кој огранок од СДСМ, ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Институтот за македонски јазик?
– Ако на ваков начин ги поделувате научно-образовните институции, кој подогранок од СДСМ, ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“?
– Ако на ваков начин ги поделувате научно-образовните институции, кој подогранок од СДСМ, ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Институтот за македонска книжевност?
– Ако на ваков начин ги поделувате научно-образовните институции, кој подогранок од СДСМ, ДУИ или ДР-ДПА ќе раководи со Институтот за социолошки, правни и политички прашања?
Почитувани, од кога поставувате стандард и научно-образовните институции да бидaт сопственост на политичките партии исто како што ги поделуватетендерите?
Имајќи ги во предвид овие факти, Движењето БЕСА ја осудува оваа екстремна политизација на научно-образовните институции, окваликувајќи ја како реприза на поранешните сцени во Македонија, а за жал дел од оваа игра сега е и една партија која до вчера го обвинуваше ДУИ за политизација на научно-образовните институции, значи ДР-ДПА. Ние сега се убедуваме дека старата изрека „ако сакаш да го распознаеш вистинското лице на некој, дај му власт!“, денес го отсликува најдобро оваа партија, а и воопшто оваа влада“, се вели во соопштението на движењето БЕСА.