Движење Беса: Да се покрене постапка за обесштетување на обвинетите од Сопот и тужба против оние кои ги малтретираа

Од:

„Движењето Беса и претседателот Африм Гаши го поздравуваат задоцнетото ослободување на обвинетите во случајот „Сопот“, со надеж дека оваа неправда, која траеше 15 години, ќе стави крај и на антиалбанскиот пристап на судството и обвинителството и конечно ќе ја инсталира правдата во овие важни институции. Фактот што требаше да се формира Специјално Обвинителство и таа да ја донесе оваа одлука, зборува многу за Јавното Обвинителство во земјата, која и со своите актуелни постапки потврдува како ја разбира правдата.

Меѓутоа, за оваа одлука да биде целосно коректна, надлежните судски институции сега треба да ја започнат постапката за обесштетување на обвинетите на Сопот, додека во најкус можен рок треба да се покрене тужба против вистинските автори на делото, како и за обвинителите и судиите кои со години ги влечеа тие по затвори и судови, иако сите бевме убедени дека тие беа невини.

Притоа уште еднаш апелираме овој случај да служи како лекција и за случајот на Алмир Алиу и целокупниот правен систем во Македонија и да се стави крај на дискриминацијата, каде Албанците се гледаат како дежурни виновници за се што се случува во државата. Крајно време е да завршат монтираните судски случаи против Албанците. Правдата треба да го казни криминалот, без оглед на етничката припадност“ се вели во соопштението на БЕСА.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски