„Движењето БЕСА продолжува да ја следи со внимание ситуацијата во Куманово.
Откако институциите не дадоа никакви информации за состојбата на цивилите од Куманово, преку ова соопштение бараме од Министерството за надворешни работи да се произнесе официјално за состојбата на цивилите во Дивата Населба.
По овој повод бараме од „квалитативните“ партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да се произнесат дали меѓу убиените има и албански цивили? И, второ, што се случува со притворените, дали и меѓу нив има албански цивили, кои веќе традиционално на дејноста на МВР, може да бидат навлечени во монтирани судски процеси за некоја „непријателска дејност“? Ние сме многу заинтересирани да не ни се повтори историјата на таквите процеси, па затоа бараме што побргу и недвосмислено да се определи кој бил цивил и кој бил учесник на вооружените акции.
Во меѓувреме ги повикуваме и хуманитарните организации да се организираат побргу, со цел на локалното население, кое е погодено најмногу од ситуацијата, да му се понуди потребната помош за враќање на нормалниот тек на животот.
Исто така бараме од меѓународната заедница да помогне во следење на состојбата со притворените, во проценување на штетите од борбите и во поттикнување на еден меѓународен праведен процес за истражување на случајот од Куманово, за откривање на нарачателите на акцијата и за нивните мотиви“, се вели во соопштението на БЕСА.