(ВИДЕО) Движење БЕСА: Албанците од ДИК и подарија пратеник на ВМРО ДПМНЕ

Од:

Денеска бевме сведоци на сeдницата на Државната Изборна Комисија која со мнозинство гласови не ги прифати приговорите на коалицијата Движењето БЕСА овозможувајќи на овој начин ВМРО неправедно да земе еден пратенички мандат од втората изборна единица кој што ни следуваше на нас. И покрај тоа што гласачите на овие партии преку овие избори им упатија јасна порака, тие и понатаму продолжуваат да се здружуваат против Албанците и граѓаните на оваа земja, велат од Движењето БЕСА.

– Повторно прекршувајќи го правото, ДИК уште еднаш потврди дека Македонија е земја каде правдата е поретка дури и од водата во пустина. Денес уште еднаш се потврди дека ДИК донесува одлуки со политички диктат, но беше многу болно да гледаш како албанските претставници во неа, тие о ДУИ, ДПА, и тој кој наводно е независен, го штитеа интересот на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски повеќе од самите претставници на Груевски во оваа комисија, стои во соопштението на БЕСА.

Од таму велат дека најдени во ваква ситуација, повеќе не веруваат ни на ДИК, ниту на правдата во оваа земја. Според нив последната надеж е дека многу брзо на местото на претставникот на ДПА, или поточно, на претставникот на ВМРО ДПМНЕ, Бедредин Ибрахими, ќе биде ставен претставникот на Движењето БЕСА што ќе биде можност оваа многу значајна институција за демократијата во земјата да биде ставена на вистински пат.

– Почитувани активисти на ДУИ и на ДПА, многу ни е жал за вас, но денеска вашите претставници во ДИК не и одзедоа пратеник на Движењето БЕСА, тие им одзедоа пратеник на Албанците во Македонија и тој му го дадоа на Груевски. Ова беше тоа што ние ви го кажувавме пред изборите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО и за Груевски. Нека им е со чест на оние кои го направија овој срам, пишува во соопштението на БЕСА.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски