„Денес, на 9 мај, Денот на Европа, Движењето БЕСА се осврнува кон овој датум за да ја истакне не само важноста на европската нарација, интеграција и пристапување кон Европската Унија, но, исто така, да се напомене дека 9 мај е ден на триумфот над фашизмот.
Така, целта кон патот на напредокот и светлата перспектива и борбата со екстремизмите и радикализмите се најдобрата лекција што сите жители на Европа, а и самите ние, треба да ја научиме од овој ден. Всушност, овие две точки се комплементарни, бидејќи битката со овие феномени е всушност европска доблест, додека интеграцијата е амбиција на сите земји во регионот да станат дел од сојузот на државите од најстариот континент, односно Европската Унија.
Врз основа на ова, Движењето БЕСА потсетува дека останува посветена на овој пат и нејзиниот ангажман во иднина ќе биде фокусиран во оваа насока. Постојано сме истакнале и продолжуваме да тврдиме дека интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ ќе биде долгорочно решение за унапредување на демократијата, воспоставување на владеењето на правото и подобрување на економската благосостојба на граѓаните на овој Континент.
Во оваа прилика ќе се потсетиме дека 9-ти мај ја одбележува втората годишнина од големиот протест во Скопје, кој се одржа на 9 мај 2016 година, под мотото “Денот Д – Правда, Достоинство, Демократија”, – кој покрај што беше најголемиот албански протест организиран во Скопје – исто така беше и порака за ориентацијата Албанците во Македонија и нивниот став кон државата и власта во Македонија, која и ден денес не дава задоволителни резултати“, се вели во соопштението на Африм Гаши, Движење БЕСА.