Две жени загинаа во тешка сообраќајка кај село Зајас

Од:

Утрово, во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот М.И. и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 78-годишниот А.И., двајцата од Тетово, извести СВР Охрид.

На местото на несреќата, на повредите им подлегнала 54-годишната Т.В. од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала 75-годишната С.Ц. од Тетово, двете сопатнички во второто возило, соопшти СВР Охрид.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари