Две жени претапани во Петровец – комшијата насилник е уапсен и доби кривична пријава

Од:

Две жени, мајка и ќерка биле физички нападнати од комшијата во скопската населба Петровец. Се здобиле со видливи повреди на лицето и телото, а според пријавата до полицијата ги нападнал комшија кој како што велат ги малтретира со години, а вчера насилството ексалирало во брутален физички напад.

Жените тврдат дека комшијата ги удирал со клоци и тупаници по целото тело а модринките на нивните лица се видливи. Настанот го пријавиле во полиција, но во полиција заминал и нивниот сосед и ги пријавил нив.

Министерството за внатрешни работи потврди дека е пријавено насилство врз М.З. (24) од Петровец, скопско. Полицијата веднаш презела мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје и насилникот е лишен од слобода.

„ Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности.

Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото. Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ.“ велат од МВР

Би можело да ве интересира

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко