Скопје со 535 и Битола со 156 се двата града во кои во моментов се две третини од активните случаи на Ковид-19 во земјава. Во мометов во цела Македонија според податоците што вчера ги објави Министерството за здравство има 1.004 активни случаи.
Главниот град и Битола се единствени со троцифрен број заразени. со оглед на падот на бројките на новозабоени, во најголемиот дел од градовите има многу помалку случаи. Припел околу 50, Кавадарци 34, Охрид 29 и во најголем дел има едноцифрен број активни, во пет града воопшто нема позитивни на ковид, а во неколу места според последните податоци има само по еден или двајца.
Досега во земјата се направени вкупно 1.994.836 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.516, бројот на оздравени пациенти е 298.251, а бројот на починати е 9.261.