А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Две тешки сообракајќи во Тетово

by А1он23/06/2013 - 10:4023/06/2013 - 10:42139
Share0

Четири лица се посериозно повредени, едно полесно, а причинета е вкупна материјална штета од околку 250 илијади денари во две одвоени сообраќајни незгоди што вчера во растојание од околу еден час се случиле на две места во Тетовско.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што денеска информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, првата сообраќајка се случила околу 18 часот и 15 минути на железничкиот премин кај фабриката Тетекс кога патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје – Тетово – Кичево, управуван од Р.Ц(54) од Скопје, налетал и удрил во такси возило „Сеат Кордоба“ со тетовски регистарски таблички управуван од М.А.(46) од Мала Речица, а во кое имало уште три лица. Од ударот таксистот и двајца сопатници А.А.(18) и Ф.А.(18) се здобиле со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница биле упатени на клиниките во Скопје додека третата сопатничка Ш.А.(45) по укажаната помош во Тетово била пуштена на домашно лекување. Материјалната штета првично се проценува на околу 150 илјади денари.

Втората сообраќајка се случила еден час подоцна на регионалниот пат Тетово – Јажинце во Теарце. Автомобил Пежо 306 управуван од П.Б.(44) од Беловиште удрил во моторцикл Јамаха без регистарски таблички што го управувал Н.А.(39) од Отушиште. Во судирот моторџијата задобил тешки телесни повреди и тој по укажаната помош во Тетово бил упатен кон клиниките во Скопје. Материјалнта штета во втората сообраќајка се проценува на околу 100 илјади денари.

И на двете места, изјави Јосифовски, бил извршен увид и се работи на расчистување н причините како дошло до сообраќајките.

Следете a1on на Youtube YouTube
soobrakajka

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:31

ВИДЕО: Камион удри во далновод и се запали: Неофицијално, возачот е од Македонија

Предраг Петровиќ05/05/2026 - 17:3505/05/2026 - 17:36

Еден мртов, двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево

Горан Наумовски27/04/2026 - 14:4827/04/2026 - 16:31

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Горан Наумовски02/04/2026 - 19:19

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:5304/03/2026 - 13:55

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто