Две тепачки на Клиниката за пулмологија, скопјанка пријавила дека е нападната од вработен

Од:

Две тепачки биле пријавени во текот на вчерашниот ден на Клиниката за пулмологија во Комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според МВР, вчера околу 13.00 часот било пријавено дека на клиниката бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21).

Десетина минути подоцна 46-годишна скопјанка пријавила дека во 13.10 часот на истата клиника, по вербална расправија со вработен во клиниката, била физички нападната од него.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот, направени се записници за констатиран прекршок по чл. 11 од ЗППЈРМ и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопштуваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он