Две сообраќајки во Автокоманда, оштетени се пет возила

Од:

Вкупно пет возила се оштетени, но нема повредени, во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле во населбата Автокоманда на влезот на Скопје поради снегот и лизгавиот коловоз. Како што информира МВР, првата сообраќајка во која учествувале две возила во СВР Скопје била пријавена во 9.26 часот, а втората со три возила во 9.29 часот.

-Во 9:.26 часот било пријавено дека во близина на бензинска пумпа, на влез во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки. Во 9.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила „пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, „форд фокус“ со бугарски национални ознаки и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, соопшти МВР

До овој момент, како што се посочува во соопштението, во двете сообраќајки нема пријава за повредени лица.

Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на местото на настанот и вршат увид.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени