Две службенички од Основниот суд Куманово осомничени за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење

Од:

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против две вработени во Основниот суд Куманово за „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно работење во службата“, соопшти денеска МВР. Првата вработена поднела барање до судот за издавање потврда од казнена евиденција за друго лице, без согласност, без потпис и без полномошно од лицето. Втората вработена поради невнимание го примила барањето.

СВР Куманово ја поднесе кривична пријава против Д.И.(51) и М.Ќ.(66), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно работење во службата“.

-Првопријавената поднела барање до Основен суд Куманово за издавање потврда од казнена евиденција за друго лице без негова согласност, без негов потпис или издадено полномошно. Второпријавената, самостоен судски референт на приемна писарница во судот, со невнимание и небрежност го примила барањето, не побарала на увид документ за лична идентификација и дозволила заведување и процесуирање на барањето. Откако била издадена потврдата, првопријавената ја подигнала и употребила против лицето на чие име е издадена-соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он

Кривична за петмина тетовци за трговија со дете и полов напад

А1он