Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13308, бројката на оздравени пациенти е 9977, на починати е 557.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2774, од кои 833 се во главниот град на државата.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 114
• Гази Баба – 103
• Аеродром – 99
• Карпош – 86
• Центар – 83
• Кисела Вода – 81
• Ѓорче Петров – 64
• Бутел – 61
• Шуто Оризари – 42
• Студеничани – 18
• Сарај – 21
• Арачиново – 15
• Илинден – 12
• Сопиште – 9
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 3
По завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје, велат од МЗ.
