Две мртви тела пронајдени во стан во Велес

Од:

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на полицијата и обвинителството.

Според првичните информации, двете тела се пронајдени на улицата „Ѓорги Војтех“ во Велес.

„Од она што досега знаеме дека станува збор за мајка и син (мајката била стара и изнемоштена, а синот имал здравствени проблеми). На нивните тела не се пронајдени траги на насилство. Се претпоставува дека подолго време се починати“, велат извори од полицијата.

Случајот бил пријавен околу 11 часот во полиција, од страна на соседите, кои се пожалиле на ужасна миризба која доаѓала од станот на починатите. Резултатите од увидот ќе треба да ја потврдат причината за смртта.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари