Две момчиња ограбиле приватна фирма во Тетовo

Од:

Полицијата извести дека вчера во 20.45 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги уапсиле А.Ш.(19) и Х.Ш.(22).

Тие се сомничат дека околу 20.20 часот пред објект на приватна фирма – брза пошта во Тетово со закана со огнено оружје кон вработениот и уште едно лице, од возилото кое го товарале одзеле три коверти со пари и документи.

При приведувањето кај Х.Ш. бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

Голем грабеж во Нови Пазар: Вооружен маж од златарница украде три килограми злато

Две лица со закани одзеле пари од малолетничка во Скопје, физички нападнат нејзин другар

Разбојници запреа транспортно возило и украдоа два милиони евра

Грабеж во Приштина: Вооружени разбојници сакаа да ограбат возило кое пренесуваше пари

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица