Две Македонки уапсени на Крит за продажба на гас за смеење

Од:

Две жени, државјанки на Македонија, изминатиов викенд се уапсени на Крит за нелегално продавање на гас за смеење, јави Си-Ен-Ен Грција.

Полицијата на Крит кај уапсените Македонки пронашла 41 ампула со азотен оксид, таканаречен гас за смеење, повеќе балони и други предмети.

Полицијата, во оваа област, во последно време, интензивно спроведува рации против нелегална продажба на гас за смеење, откако грчката полиција уште на почетокот од месецов најави засилување на борбата против ширењето на гасот за смеење низ целата земја.

Овој гас е еден од најшироко користени опојни супстанци во неколку европски земји и е поврзан со неколку смртни случаи. Еден 18-годишен британски турист на почетокот од летово претрпе оштетување на мозокот од вдишување на хемикалијата додека бил на одмор на Крит.

Би можело да ве интересира

Едно лице повредено, наредена евакуација на четири населени места на Крит поради пожар

Силен земјотрес го погоди Крит

Горан Наумовски

Авион падна во морето кај Крит: Две лица се исчезнати

Девојка од Србија е претепана од пријатели со кои дошла на Крит

Земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес го погоди Крит

Горан Наумовски