Двајца загинати, двајца повредени во сообраќајка на патот Кочани-Делчево

Од:

Две лица го загубија животот, а уште две со тешки телесни повреди завршија во Клиничката болница Штип по синоќешната тешка сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Кочани – Делчево, пред влезот на Делчево покрај населбата Басарица.

Според информацијата на д-р Гоце Стојменовски, раководител на Итната медицинска служба, несреќата се случила околу 22:30 часот, во неа учествувале 4 возила, а засегнати биле 6 лица во возилата.

– За жал, на лице место од внтарешни повреди и крварење почина 70-годишниот С.Ј. од Делчево, додека 61-годишната Д.А., исто така од Делчево, со внатрешни повреди и скршеници по раце и нозе почина во Клиничката болница во Штип, а нејзиниот син и снаа со тешки телесни повреди се задржани во Клиничката болница Штип, додека другите две лица се со полесни повреди, рече Стојменовски.

Тој додаде дека Итната медицинска служба реагирала брзо и навремено, а во интервенцијата и транспортот до болницата учествувале лекари од секундарното здравство и матичен лекар.

Според првичните информации, несреќата ја предизвикала возило кое со голема брзина се приклучило од спореден пат од населбата. Полицијата направи увид на местото на несреќа, но повеќе детали за сообраќајката, засега не се соопштуваат.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата