Две лица тешко повредени во сообраќајка кај Ранковце

Од:

Две лица на педесет и две годишна возраст се потешко повредени, а едно лице се здобило со лесни телесни повреди во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила во атарот на селото Псача, Општина Ранковце.

Во несреќата учествувале две возила, патничко моторно возило „Тико“ и товарно возило со српски регистарски ознаки, при што тројцата повредени се превезувале со „тикото“.

-На 30 мај 2023 во 14:45 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, атар на село Псача, општина Ранковце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од педесет и две годишниот З.К. од Крива Паланка и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од четириесет и осум годишниот Б.С. од Република Србија, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Таа изјави дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К. и неговата сопатничка М.К.(52) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило на возраст од дваесет и една година, Д.К. од Крива Паланка. Повредените биле пренесени со возило на Итна медицинска помош Крива Паланка во Општа болница во Куманово каде се констатирани повредите.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а во интервенцијата за извлекување се вклучила и екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар

Тешко повреден штипјанец донесен во Клинички, тврди дека го тепал болничар во установа во гевгелиско

Катерина Ѓуровски