Две лица со повреди од нож во тепачка пред спортската сала „Расадник“

Од:

На 03.02.2015 година, во 03,15 часот, во Скопје на ул. „Народни Херои“ пред спортската сала „Расадник“ настанала вербална расправија, а потоа и тепачка помеѓу Б.П.(25) од една страна и А.К.(26), А.Ј.(26) и М.П.(26), сите од Скопје, од друга страна, во која Б.П. со нож им нанел убодни рани на А.К и на А.Ј. во пределот на градниот кош.

Повредените, соопшти денеска МВР, се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ и се задржани за понатамошно лекување, додека на Б.П. му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје каде му е констатирана телесна повреда во пределот на главата.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата