Две лица се повредени откако со мопед на четири тркала удриле во ѕид од куќа

Од:

Две момчиња се здобиле со повреди, од кои едното со скршеници во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во селото Беловиште, Гостиварско. Тие се возеле на нерегистриран мопед на четири тркала по локален пат и откако возачот С.С.(18) загубил контрола удриле во ѕид од куќа.

Според првичните информации од увидот, возачот немал возачка дозвола, а брзината со која се движел четирициклот не била прилагодена. Од силината на ударот, заедно со совозачот и возилото се превртеле.

Набрзо по несреќата, двајцата биле префрлени во гостиварската болница, по што совозачот М.Р. (18) бил задржан, а возачот, С.С. заради тежината на повредите бил префрлен на скопските клиники.

Со овластување на Јавен обвинител, увид извршила полициска екипа, а причините и околностите на несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар