Две лица приведени во тепака во Прилеп

Од:

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.А. од Прилеп, поради нанесување на тешка телесна повреда на друго лице.

Пријавениот на 10-ти минатиот месец, откако видел дека неговиот татко се расправа со 50-годишниот Ј.К., веднаш физички го нападнал Ј.К и со употреба на тврд предмет му нанел тешки телесни повреди во пределот на главата и телото.

Во друг случај, Полициската станица од Прилеп поднесе кривична пријава против 35-годишниот И.М. и 48-годишниот М.Ш., двајцата од Прилеп, за сторено кривично дело „учество во тепачка“.

На четврти минатиот месец, околу 08:30 часот, на улицата „Марксова“ во Прилеп, поради паркирање на такси возило управувано од И.М, пред гаражата на М.Ш, настанала вербална расправија помеѓу двајцата, а потоа и тепачка, во која М.Ш е тешко телесно повреден во пределот на десната нога.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена