Две лица пријавени за исчезнати

Од:

18-годишна девојка од Скопје и 36-годишна жена од Струмица вчера се пријавени како исчезнати во полицијата.

Според МВР, вчера во 12 часот во полициската станица Гази Баба, С.Ш.(50) од Скопје, пријавил дека истиот ден во 06:30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Е.Ш.(18).

Во Полициската станица во Струмица, пак, вчера во еден часот, струмичанецот Р.А.(48) пријавил дека истиот ден во 11 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга З.А.(36).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена