Две лица повредени во тепачка во тетовското село Мерово

Од:

Со тешка повреда по главата од удар со мотика, се здобил Љ.А. (45) од тетовското село Мерово, додека со убодна рана во стомакот 31 годишниот меровчанец Ш.С., по вербална расправија со нивниот соселанец М.С.

На двајцата повредени им била укажана лекарска помош во тетовската клиничка болница, но поради сериозноста на повредата Љ.А. бил пренесен во скопските клиники.

Тепачката се случила вчера во попладневните часови кај месноста „Стара воденица“ на пат за Мерово. Според првичните полициски сознанија, расправијата ја предизвикал Љ.А., кој и ги нападнал таткото М.С. и неговиот син Ш.С. Во еден момент напаѓачот употребил и нож со кој го прободел во стомакот својот соселанец Ш.С. Тогаш таткото М.С. се послужил со мотиката што ја носел со себе, удирајќи го напаѓачот по главата.
Тетовската полиција извршила увид на лице место и работи на целосно расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа