Две лица повредени во сообраќајка на патот за гробиштата Раштани кај Велес

Од:

Попладнево околу 15:30 часот се случи сообраќајка несреќа меѓу две патнички возила на патот пред гробиштата Раштани кај Велес, при што се поврфедени две лица. На местото на настанот е екипа на Итната медицинска помош и увидна полициска екипа, потврди Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Како што информира д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом Велес, во сообраќајка на две патнички возила со повреди се здобиле двајцата возачи кои биле сами во возилата.

Тие имаат повреди на колената на нозете, укажана им е прва помош, биле имобилизирани и транспортирани во Ургентниот центар при велешката Општа болница.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски