Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје

Од:

Две лица, мајка и ќерка, се повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 15:45 минути се случила на автопатот Тетово – Скопје, во близина на бензинската пумпа Петрол компани, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, до несреќата дошло откако Ф.А.(36) од засега неутврдени причини загубила контрола врз автомобилот Голф и удрила во заштитната ограда што ги дели коловозните ленти причинувајќи поголема материјална штета на оградата и автомобилот. При тоа таа се здобила со тешки телесни повреди односно скршеници на десната рака и по укажаната помош во тетовската Клиничка болница била упатена на скопските клиники. Нејзината 11-годишна ќерка се здобила со скршеница на подлактица по што и била укажана помош во тетовската болница.

– Увид на местото од несреќата извршила екипа на СВР Тетово и се работи на откривање на причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајката, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно