Две лица повредени во пожар во прилепско Десово

Од:

Две лица се повредени во пожар што случил вчера во куќа во прилепското село Десово.
МВР соопшти дека во куќата сопственост на А.С.(63), настанал пожар во моментот кога неговата сопруга З.С.(60), се обидела да го запали горилникот за готвење на плинска боца која се наоѓала во кујната, по што пламенот ја зафатил завесата.

З.С. во обид да го изгасне пожарот фрлила ќебе врз огнот, но тој се проширил по целата просторија во која изгорела целата покуќнина. Од страна на лицето Ш.С.(37) боцата била исфрлена надвор од просторијата, при што се здобила со изгореници во пределот на десната страна на лицето, додека З.С. се здобила со изгореници во пределот на лицето и левата подлактица.

Пожарот бил изгаснат по интервенцијата на шротивпожани екипи од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он