Две лица потешко повредени во сообраќајка во Тетово

Од:

Две тешко повредени лица од кои едно е во животозагрозувачка состојба и материјална штета од околу 200 илјади денари се последиците од сообраќајнта несреќа што изминатата ноќ околу 1 часот по полноќ се случила на кружниот тек од булеварите Илинденска и Видое Смилески Бато во Тетово.

Според информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. во посоченото време А.К. (20) од Требош загубил контрола на автомобилот „Голф“ со тетовски регистарски таблички што го управувал по што излетал од коловозот и удрил во метален столб од уличното осветлување.

Притоа тој и неговиот седумнаесетгодишен сопатник, исто така, од Требош задобиле тешки телесни повреди и со медицински возила биле однесени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната прва помош поради видот, карактерот и сериозноста на повредите биле пренесени на скопските клиники каде се задржани за понатамошно лекување.

Според последните информации возачот е надвор од опасност по животот, додека совозачот е во животозагрозувачка состојба. При самата несреќа од Голфот се откачило и задното лево тркало што потоа оштетило две паркирани возил во близина Форд Фиеста и Ландровер. Полицијата извршила увид и според првичните податоци причина за сообраќајката е неприлагодена брзина односно пребрзо возење додека вкупната материјална штета се проценува на околу 200 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски

Во несреќата кај манастирот Св.Јован Бигорски загинаа двајца жители од гостиварското село Видуше

ЦУК: Возило падна во реката Радика, има загинати во несреќата

Горан Наумовски