Две лица потешко повредени во одвоени сообраќајки во Тетовско

Од:

Две лица од Тетово, 48-годишен маж и двегодишно девојче, се потешко повредени во две одвоени сообраќајни несреќи, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Девојчето било повредено вчера околу 17.30 часот откако било удрено од возило „форд мондео“ со тетовски регистарски таблички кое се движело наназад на улицата „29 Ноември“ во Тетово.

Кога го слушнал ударот, од куќата истрчал таткото на девојчето и заедно со возачот на фордот го префрлиле девојчето, кое било во бесознание и со тешки телесни повреди, во тетовската болница од каде било испратено на скопските клиники.

Возачот во меѓувреме си заминал, полицијата извршила увид на местото од сообраќајката и работи на утврдување на неговиот идентитет, негово пронаоѓање и утврдување на причините за несреќата.

Втората сообраќајка се случила ноќта помеѓу петокот и саботата половина час по полноќ, на автопатот Тетово – Гостивар во висина на локалниот пат за Пирок.

Според информациите на Јосифовски, два автомобила – „фолксавеген шаран“ со тетовски регистарски таблички управуван од В.Х.(64) од Скопје и „хјундаи“ со тетовски регистраски таблички управуван од Д.С.(48) од Тетово, еден по друг налетале, удриле е усмртиле куче скитник.

Првиот автомобил поминал без посериозни последици, додека возачот на хјундаито од ударот загубил контрола врз возилото и тоа удрило во заштитната ограда помеѓу двете ленти на автопатот, се одбило и се превртело на покривот. Возачот добил скршеници на ‘рбетот по што од тетовската болница каде бил префрлен бил упатен на скопските клиники.

– Полицијата извршила увид. Првично, причина за сообраќајката е влезот на кучето на коловозот поради немање заштитна ограда на автопатот, рече Јосифовски. Материјалната штета се проценува на околу 100 илјади денари.

Во изминатата година на тетовското подрачје се случиле околу 80 сообраќајни несреќи со животни и во најголем дел завршиле само со материјални штети.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски