Две лица под истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – разбојништво на 9 октомври во спортска обложувалница во Скопје.

– Осомничените, по претходен договор, на 9 октомври влегле во објект на спортска обложувалница на улица „Зеничка“ во Скопје и се заканиле дека ќе нападнат врз животот на една вработена. Едниот осомничен, со пиштол во раката, побарал од оштетената да каже каде се парите и ја турнал до ѕидот, додека другиот осомничен се упатил кон работниот пулт и од една од фиоките одзел 188.460 денари, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител оценил дека за едниот осомничен постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека тој би можел да го повтори делото или да ги сокрие и уништи трагите од кривичното дело. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и Предлог за определување мерка притвор за тој осомничен. Вториот осомничен до овој момент не е обезбеден од страна на полицијата и за него е распишан централен распис.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма